Факт е дека во Република Македонија правда нема, тоа го знаат грѓаните, тоа го знаете вие како пратеници од власта, тоа го знаеме ние како пратеници од опозицијата. За обичниот човек во Македонија правдата е слепа, вели пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница на која се дебатира за избор на судијката Добрила Кацарска за судијка во Уствнниот суд.
Според Пренџов некоректен е односот на членот на Судскиот совет Киро Здравев кој наместо да дојде да даде објаснување зошто судскиот совет ја предлага Кацарска за уставен судија, тој бега да образложи пред граѓаните.
„Дека нема правда во оваа држава тоа го потврди и Заев на 15 јули при обраќањето кон членовите и симпатизерите на СДСМ во Белви. Првата реченица му беше дека знае дека нема правда и дека знаел дека граѓаните се чувствуваат обесправени. Само за потсетување тоа е тој човек кој што ветуваше дека ќе донесе правда, тоа е тој човек кој што три години ја раковореше Македонија изминатиот период а кој што раководи сега. И кога ќе си го поставиме прашањето кој е симболот за правдата во Република Македонија изминатите три години се разбира тоа е името на Добрила Кацарска. Истата оваа Добрила Кацарска која што ја предлагате овде и наместо предлагачот од Судскиот совет Киро Здравев да излезе и да каже што мисли за Добрила Кацарска, кој додадени вредности ги има Кацарска во оваа судство, а тој молчи како риба, но, за изјави во медиумите имал и јазик и тон и слика. Многу е некоректно спрема граѓаните бидејќи ние овде ја бираме Кацарска и вие требаше да барате зошто Здравев ја предлага нејзе и треба да реагирате зошто дава изјави во медиумите а не сака да зборува од оваа говорница“, истакна Пренџов.
Смета дека Кацарска не заслужува да биде уставен судија, како и дека нема да создаде помирување кај народот, туку раздор.
„Добрила Кацарска не е кандидат кој што заслужува да биде уставен судија. Добрила Кацарска не е кандидат која ќе содаде помирување и во оаа собрание и помеѓу народот. Добрила Кацарска е само уште едно јаболко на раздорот во нашето општество“, оцени Пренџов