Кацарска. Згрозена сум од изјавите на Стефанова

Судијата од скопскиот Кривичен суд, Добрила Кацарска во изјавата на ТВ24 изјави дека е згрозена од сведочењето на обвинителката Стефанова, која денес пред Кривичниот суди изјави дека Кацарска била една од повеќето кои ургирале на бизнисменот Орце Камчев да му биде укинат притворот во случајот „Империја“.

„Згрозена од таквата изјава на обвинителката Лиле Стефанова. Јас очекував да зборува кога го отворила преметот „Империја“, како го отворила, дали тогаш имала притисоци да го отвори овој предмет, дали тоа е во склад со надлежноста на СЈО. Згорозена сум и во поглед на изјавата за јавувањата и ниското ниво кое што го покажа обвинителката а особено обвинителка на СЈО во кое сите ние се крстевме и сметавме дека тоа се тие кои што ќе се изборат за правдата. Не очекувам обвинител да даде изјава дека и‘ вршеле притисоци судии, обвинители, бизнисмени и политичари а јас сум била емисарот. Која е причината за ова? Јас добро ќе прочитам и ќе проучам околу сведочењето на обвинителката и ќе одлучам дали да тужам за клевета ако за тоа се исполнети условите“ – кажа Кацарска.