Кацин: Невозможно е да се избегне вистината за убиството на Ѓинѓиќ

Известувачот на Европскиот парламент за Балканот, Јелко Кацин очекува откривање на налогодавачот на убиството на премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ, оценувајќи дека кај српските власти постои волја тоа да се случи.

„Очекувам тоа да се случи, сметам дека не може да се избегне. Мислам дека и на политичките партии во Србија им е јасно дека е невозможно да се избегне од одговорот и постои волја тоа да се случи,“ изјави Кацин за сараевскиот портал klix.ba, по повод 11-годишнината од атентатот на Ѓинѓиќ.

Тој меѓутоа не сакал да шпекулира за тоа кој стои зад атентатот и што би можело истото да открие.

„Она што го порачав е дека во истражувањето за тоа кој стои позади атентатот треба соработка меѓу судските органи на Србија и соседните земји.Вклучувајќи ја и БиХ,“ додаде Кацин.