Известувачот на Европскиот парламент за западен Балкан, Јелко Кацин, смета дека кризата во Босна и Херцеговина треба заеднички да ја решаваат САД и ЕУ, но и Србија и Хрватска кои се потписници на Дејтонскиот мировен договор.
Кацин порачал дека Србија нема да биде дестабилизатор на настаните во Босна и Херцеговина, како и тоа дека таа земја не би дозволила да се бори против организараниот криминал и корупција и во Босна и Херцегоина.
За Кацин протестите, кои пред повеќе од еден месец почнаа во Тузла и се проширија низ целата земја, не се изненадување.