Челникот на владејачката полска конзервативна партија Правда и справедливост (PiS), Јарослав Качински, изрази во саботата увереност дека полскиот претседател Анджеј Дуда ќе го потпише законот кој мина во парламентот за холокаустот, кој е предмет на голем дипломатски спор за полската одговорноста за злосторствата сторени врз Евреите во Втората светска војна и слободата на говорот за тоа, а го критикуваа САД и Украина, а предизвика остра реакција од Израел, како и од многу еврејски организации и Меѓународниот совет на Аушвиц.
Полскиот Сенат ноќта кон четвртокот го изгласа законот за холокаустот, со кој се има цел да се одбрани имиџот на Полска, а кој го разлути Израел и предизвика сериозно предупредување од САД. За да стапи на сила, законот уште треба да го потпише полскиот претседател Анджеј Дуда. Со законо се сака да се спречи користењето на терминот „полски логори на смртта“ за концентрационите логори коишто во окупирана Полска ги подигнале и воделе германските нацисти
„Длабоко верувам дека претседателот Дуда треба да го стори она што веќе го најави, односно да го потпише овој закон“, изјави Качинсли за јавното радио на Полска.
Качински се смета за идеен зачетник на овој голема политичка одлука којашто ја донесе владата на неговата партија PiS. Полскиот претседател одлуката мора да ја донесе во рок од 21 ден. Законот може да го потпише, на него може да стави вето или може да го даде на преиспитување на Уставниот суд.
Терминот „полски логори на смртта“, сметаат во Варшава со години наназад, дава погрешен впечаток дека Полска е одговорна за холокаустот, додека израелските челници сметаат дека со текстот се сака да се негира учествотото на Полска во истребувањето на Евреите коешто нацистите го спроведувале во Втората светска војна.
На Израел особено му пречи делот во кој гледа обид да се негира учеството на некои Полјаци во истребувањето на Евреите, дури и можноста за гонење на преживеаните од холокаустот кои би укажувале на таквите случаи.
„Решително го отфрламе антисемитизмот, но ние сме суверена држава и имаме право да започнеме борба против големата операција за валкање на Полска со којашто се навредува земјата и ѝ се припишуваат туѓи грешки“, поточно на Германците, рече Качински.