Каде е иднината на младите во образованието?

Системот на образование, почнувајќи од предучилишното, основното, средното и високото образование дејствуваат поврзано взаемно по принципот на сврзани садови.

Без стандардизирано и квалитетно предучилишно, основно и средно образование, не може да се очекува да се реализира и квалитетно високо образование. Оттука, неопходно е целосна реформа во сите степени на образованието (предучилишно, основно, средно и високо образование, вклучувајќи ги тука посдипломските и докторските студии). Каков е квалитетот во основното  и средното образование го покажуваат резултатите од тестирањето на учениците од Република Македонија на меѓународните натпревари. Сериозна загриженост се резултатите од тестирањето на ПИСА (кој се провлекува повеќе години) на кои ученици од Република Македонија (15-годишњаци) ги заземаат претпоследните места во Европа.

Кој е стожер во едно општество?    

Стожерот на секое општество е образованието. Во Македонија веќе подолго време е подложен на постепено деградирање, уништување, за денес за жал, да може да се констатира дека образованието е претворено во пепел, пеплосано… Во Македонија реформите во образованието се толкуваат многу повеќе како средство за постигнување определени политички цели, отколку како механизам за негување на демократските општествени односи, промоција на граѓанското општество, интелектуалноста и колективниот одговор на кризите коишто се длабоко вкоренети во нашите економски, социјални и политички системи.

Образованието на сите степени  е во криза. Во моментов, образовниот систем во Македонија го тресат голем број скандали од обелоденувањето на  квазинаучни трудови и препишување, трудови што се целосно плагијати, до непотребни заеми од Светска банка за небулозни, безпредметни и некорисни проекти. Всушност, образовниот систем во Македонија, само ја отсликува македонската политичка стварност. Така, во многу сегменти од образованието, сведоци сме на неспособност, безаконие, неорганизираност, корупција, малверзација, злоупотреба, сервилност, дефетизам, недостиг на контрола, непотизам и задоволување на партиските интереси. Образованието во Македонија е во криза, а деградацијата на образованието  е застрашувачка. Нема образовна политика туку има политика во образованието на сите степени од образованието.

Затоа и во Извештајот на Европската комисија (ЕК) за образованието,  ни укажуваат да се фокусираме и да се донесе Законот за средно образование и за стручното образование и обука, да формираме и операционализираме  регионални центри за стручно образование и обука (ВЕТ центри), како и и донесување на Законот за возрасни. Во извештајот на ЕК се истакнува дека треба да се подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост и за децата Роми, да се зголеми уписот во предучилишната возраст и да се подобри подршката за обука и професионален развој на наставниците. Исто така, во извештајот на Европската комисија се истакнува, дека треба да се воспостави соработка меѓу компаниите, средните стручни училишта, стопанските комори и МОН. За подршка на пракса на учениците во приватните компании подржани од јавно-приватно партнерство  и слично.

I Предучилишно воспитание и образование

Предучилишното воспитание и образование во системот на воспитанието и образованието е специфичен во однос на другите подсистеми. Долги години, предучилишното воспитание и образование, не е третирано како составен дел на системот или постоело само декларативно определено предучилишното воспитание да се стави во системот, додека во праксата е укажувано на поинаков однос на овој подсистем во однос на другите. Со реформата на школството од 1958 година, предучилишното воспитание и образование, согласно стручно-научните сознанија од развиените земји и воспитно-образовните системи, го наоѓа своето место во системот на воспитанието и образованието за што станува примарен  и почетен степен на системот на воспитанието и образованието. Само да се констатира дека Македонија, нема Закон за предучилишно воспитание и образование, како Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, туку се третира во Законот за заштита на децата со Програмски активности за ран детски развој, само по себе тоа е нон сен, парадокс што има дисконтинуитет, неповрзаност, односно нема функционална поврзаност  со основното воспитание и образование. Тоа го потврдуваат најновите научни достигнувања и истражувања за улогата и значењето на раното учење врз целокупниот развој на личноста. Затоа е од потреба Закон за предучилишно воспитание и образование и да се интегрира со Министерството за образование и наука и да стане интегрален дел од единствениот воспитно-образовен систем.

II Основно воспитание и образование

Основното образование по опфатот на ученици и според важноста и актуелноста преставува централен фундаментален и базичен систем на целокупниот воспитно-образовен систем, инкорпорирајќи го во себе примарното и задолжително основно деветгодишно образование.

Во делот на реформите во основното образование, тие треба да тргнат од реформација на наставникот, кое е неговото место, улога, значење и интегритет на наставникот, како клучен фактор во образовниот систем, преку модернизирање на наставните програми и нивно приспособување со потребите на новото време и усогласување со возраста на учениците и способноста за апсорпција на знаењата, напуштање на практиката на некритичко преземање на наставните програми од други земји, развој на креативното размислување и учење на децата од најмала возраст.

Таканаречената, Концепцијата  што ја туркаше Цароска, а продолжува да ја турка и овој министер Јетон Шаќири за Основното воспитание и образование, иако критикувана и оспорувана од УКИМ, МАНУ и другите институции, продолжува да се имплементира. Да, во Македонија се потребни реформи во образованието, но,  ослободени од наметнатите политички стеги, кои ќе бидат транспарентни, постепени и ќе водат сметка за целиот образовен систем.

Реформи да, но не неосмислени и нетемелити   

ИсторијатКонцепција за основното образование

Концепцијата за основното образование ја носи министерката за образование и наука Мила Цароска во март 2021 година, kоја формира „експертска екипа“ и членови на работни групи за изработка на концепцијата и тоа: од Филозовскиот факултет УКИМ професор Виолета Петроска-Бешка-тим лидер, м-р Митко Чешларов, кординатор на тимот од БРО, Ајша Ајрулаи, од Филозовскиот факултет УКИМ-професорите Јасмина Делчева-Диздаревиќ, Лена Дамовска, Николина Кениг, од УГД-Штип Кирил Барбареев, Педагошки факултет-Скопје Флорина Шеху,и од БРО д-р Лулзим Мехмеди, м-р Горица Мицковска, Славица Мирчевска и Александра Блажевска.

Овие членови, прогласени како „експерти“, ја прават концепцијата за основното образование. Но истите овие „експерти“ не ги согледуваат истражувањата констатирани од меѓународните истражувањеКолку училиштата се по мерка на детето?

Како наставниците гледат за потребите од реформирање на основното образование?

Од истражувањето спроведено од МОН и БРО, во текот на ноември 2000 година, на 4168 наставници од основното образование (2168 предметна наставници и 2000 одделенски наставници) тие го изразуваат своето мислење за потреби од реформирање на образованието. Но никаде од истражувањето наставниците не го истакнуваат мислењето да наставните предмети: Физика, Хемија, Биологија и Географија да бидат во еден предмет  наречен  Природни науки или да нема учебници. Од самите резултати од наставниците нивното мислење е :

  • Неопходно е да се реформира образованието за да се подобри,
  • Учебниците да бидат прилагодени на учениците или на барањата на наставните програми и запоставеноста на воспитните компоненти,
  • Учебниците и наставните материјали се најприоритетна свера на реформирањето. Подготовката на нови учебници по повеќето предмети. И овозможување  поголема слобода да користат и други наставни материјали со учебниците,
  • Реформирање на наставните програми за усогласување на содржините и целите со потребите-интересите на учениците и намалување на обемот на наставни теми,
  • Обука на наставниците и/или на наставниот план како најпиоритетна свера на реформирање,
  • Оценување и поучувањето, наставниците укажуваат на начин на подобрување на образованието со користење на  на разни техники, како што се: тестови, усни испрашувања, проекти, изведбени активности. Учениците да имаат помалце предавања, а повеќе да работаат на истражување и проекти, наставниците да користат повеќе интерактивни методи кои обезбедуваат поголема слобода, да користат повеќе разновидни наставни методи или наставни материјали (видеоматеријали/аудиоматеријали, дигитални содржини, креирани сценарија кои сами ќе ги избираат или креираат)…. Понатамошни парадокси:

Во анализата во Новата концепција, во наставните планови од шесто до деветто одделение се исфрлени наставните предмети:Историја, Географија, Физика, Хемија, Биологија, а наместо тие предмети учениците ќе изучуваат нови два наставни предмети: Природни науки и Историја и општество.

Во наставната програма Природни науки се опфатени некои содржини од наведените наставни предмети што се укинуваат. Наставникот во една учебна година треба да ја  предаваат три наставника, секој  од своeта научно подрачје, а вреднувањето на постигнувањата на учениците ќе бидат математички просек од трите поединечни оценки.

Предметот Историја и општество, според новата концепција, опфаќа дел од наставната содржина од предметите Историја, Географија и Граѓанско образование,  кои повеќе нема да бидат дел од наставните планови. Така во програмата за шесто одделение, децата по овој нов предмет ќе учат за старите цивилизации, за ориентација во просторот и за закони.

Наставната програма по предметот Македонски јазик за шесто одделение предвидува целосно исфрлање на делот на историјата на јазикот и улогата на словенските просветители Свети Кирил и Методиј во создавањето на словенската писменост и првото словенско писмо.

Исто така, се поставува прашањето Зошто е намален бројот на часови по македонски јаик во наставата за малцинствата? Имено, наставниците по македонски јазик во наставата за малцинствата во основното образование, алармираат за една скриена „реформа“ во наставната програма за овој предмет. Имено од оваа учебна година во овие наставни програми, наместо три часа неделно да се предава македонски јазик, таа ќе се одвива само во два часа.

Според Новата концепција за основно образование предметот Информатика и  Техничко образование, учениците ќе изучуваат нов наставен предмет Техничко образование и информатика, со намален број часови и наставни содржини.

Во средните стручни училишта е намален бројот на часови по Англиски јазик, од три часа на два часа седмично, додека во Гимназиите се изучува со три часа седмично, со што учениците од средните стручни училишта при полагање на државна матура се во подредена положба од учениците во гимназиите. Дали е ова дискриминација кон учениците од средните стручни училишта??

Со ваквите парадокси, во образованиот систем без Историја, Географија, Биологија, Физика, Хемија, поточно во систем во кој во два наставни предмети се спојуваат мал дел научни вистини, неможе да биде силен и неможе да произведе квалитетно образование.

Исфрлањето на историскиот дел од македонскиот јазик од Наставната програма за шесто одделение, за научната и педагошката фела е недопустливо и недозволиво. Јазикот е идентитетско обележје на секој народ и никој нема право да го исфрла од наставната програма она што ја дефинира македонската нација.

Каква е ситуацијата со училиштата?

Ситуацијата е таква што најголем број училишта држат настава во две смени. Тоа е една од причините зашто учениците во Македонија добиваат помалку часови настава. Од друга страна, тоа ги ограничува ширината  и длабочината на наставата и  можностите за дополнителни предмети или  дополнителни часови за учениците. Поконкретно кажано: На шестгодишна возраст, првачињата во Македонија имаат едно од најниските нивоа на планирано време за настава (552 часа) меѓу 79 земји што учествуваат на ПИСА. Додека достигнат четиринаесетгодишна возраст, овие ученици ќе имаат околу 900 часа  помалку настава од просекот за учениците низ  земјите на ОЕЦД. За да се надмине овој предизвик, реформата на основното образование треба да има за цел да се зголеми бројот на часови за настава. Но, за да се зголеми бројот на часови мора да се зголеми времето, училиштата треба да создадат услови за работа во една смена. Со реформата е предвидено и ревидирање и воведување на нови образовни стандарди, вклучително и стандарди за училишна инфраструктура и опрема, како и за пристапност и безбедност. За да се исполнат овие стандарди треба да се приспособи физичката инфраструктура или преку дополнителни инвестиции или пренамена на недоволно искористени згради.

Македонија се сочуваше и се соочува со криза во  учењето. Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) покажува поразителни резултати. Во Западен Балкан сме најслаби (во читање, Математика и Природни науки). Поразителна е аналитиката која ја искажуваат дека: „ По 11 години поминати на училиште, едно дете во Македонија во просек има образовни резултати еднакви на 7,3 години на учење. Тоа е најлош резултат во Европа или со други зборови, децата одат на училиште 3,7 години кои им се залудно потрошени“.

Која е причината за слабите меѓународни резултати од ПИСА тестирањето?

Деновиве меѓународната организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од меѓународните тестирања ПИСА (Програма за меѓународно оценување на учениците) по Математика, Јазична писменост и Природни науки. Нашите македонски 15 годишни ученици од вкупно 81 земја е на 62 место по Математика и во просечни 388 поени(просек ОЕЦД изнесува 472). На 71 место по Читање забележани се 358 поени (просек на ОЕЦД е 476).  И на 68 место по Природни науки постигнале 379 поени (просек на ОЕЦД е 489 поени),односно како што истакнува преставникот на Уницеф во Македонија, Диџовани дека: „резултатите покажуваат дека тричетвртини (74%) од 15-годишните ученици во Македонија имаат слаби резултати по читање, додека двајца од тројца ученици покажуваат ниски резултати по математика (64%) и природни науки (65%). Нашите ученици се послаби од: Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, а се пред врсниците на Албанија и Косово. 

Мрежата на основните училишта

Во поглед на Мрежата на основните училишта во Македонија констатираат дека е составена од  1000 училишта, од  коишто 363 се централни и 637 се подрачни училишта (овие податоци се пред пописот 2021). Намената на подрачните училишта е да се обезбеди образование во подалечните урбани или рурални заедници, тие преставуваат две третини од училишната мрежа и во нив учат 7% од вкупниот број ученици. Или, поконкретно 93% од учениците (171.000) посетуваат настава во 363 централни училишта и 7% од учениците (под 12.800) посетуваат настава во 637 подрачни училишта.

Ситуацијата е таква што најголем број училишта држат настава во две смени. Тоа е една од причините зашто учениците во Македонија добиваат помалку часови настава. Од друга страна, тоа ги ограничува ширината  и длабочината на наставата и  можностите за дополнителни предмети или  дополнителни часови за учениците. Поконкретно кажано: На шестгодишна возраст, првачињата во Македонија имаат едно од најниските нивоа на планирано време за настава (552 часа) меѓу 79 земји што учествуваат на ПИСА. Додека достигнат четиринаесетгодишна возраст, овие ученици ќе имаат околу 900 часа  помалку настава од просекот за учениците низ  земјите на ОЕЦД. За да се надмине овој предизвик, реформата на основното образование треба да има за цел да се зголеми бројот на часови за настава. Но, за да се зголеми бројот на часови мора да се зголеми времето, училиштата треба да создадат услови за работа во една смена. Со реформата е предвидено и ревидирање и воведување на нови образовни стандарди, вклучително и стандарди за училишна инфраструктура и опрема, како и за пристапност и безбедност. За да се исполнат овие стандарди треба да се приспособи физичката инфраструктура или преку дополнителни инвестиции или пренамена на недоволно искористени згради.

Кога се има во предвид големината на паралелките согласно Законот за основно образование (2019) предвидува дека во секоја паралелка треба да има најмалку 20 ученици. Сепак, од истражувањето се констатира дека „…само 13 општини (16%) го исполнуваат овој услов и над  половина се со просечна големина на паралелките од 10-15 ученици. Поконкретно: „..процентот од општините според просечната големина на паралелката е 11-15 ученици 42%, од 15-20 ученици се 33%, од 21-25 ученици се 14%, од 6-10 ученици се 7%, од 26 ученици се  3%, од 1-5 ученици се 1%“.  Покрај тоа, училиштата со најнизок сооднос на ученик-наставник во земјата, имаат помалку од пет ученици по наставник.  Поради демографските промени, во одредени општини недостасуваат наставници, а во други има недоволна искористеност на човечките ресурси. Покрај тоа, 9% од наставниците се пред пензионирање.

Во подеталната анализа на структурата на наставничката работна сила на општинско ниво, исто така, посочува на загрижувачки недостаток на наставници кои се квалификувани да ја исполнат визијата за образовна реформа. На пример: има недостиг од квалификувани наставници за одделенска настава споредбено со наставници за предметна настава. И меѓу наставниците за предметна настава недостасуваат наставници кои се квалификувани за по Математика, Физика или Хемија, во споредба со наставници по предмети од општествени науки. Во училиштата со мајчин јазик различен  од македонскиот јазик, дополнителните предизвици посочуваат на потреба од детална анализа на ниво на општини и училишта за да се разбере како треба да се приспособи наставниот кадар, а некои од општините ќе треба да ги прераспределат наставниците на други  образовни профили.

Поради далекусежни демографски промени, карактеризирани со намален наталитет, миграција и зголемена урбанизација, некои училишта по ОПШТИНИТЕ, мора да работаат на конослидирање на училишната мрежа. Има училишта кои се пренатрупани, додека други се  недоволно искористени, по некогаш резултира во некои училишта да има повеќе наставници од ученици.

Колку се троши за образованието?

Истражувањата укажуваат дека во земјава се троши помалку за образование за разлика од просекот на меѓународно ниво, но и овој процент е во опаѓање. Со 3,7 проценти од БДП во 2018г. (сега е 3,2 проценти) јавното трошење за образованието во Македонија кое најниско во Западен Балкан и многу пониско од просекот од 5,2 проценти од БДП во ОЕЦД или од просекот од 4,9 проценти во 27 земји-членки на ЕУ.  Но, каде плови овој брод?

III Средното образование

Бројни се проблемите во средното образование. Еден од најургентните проблеми во средното образование е отсуство, односно лоша конципираност на системот на дуалното образование, што детерминира негова неусогласеност со пазарот на трудот. Колку е значаен овој проблем (дуално образование) потврдува фактот, што во последниве неколку години, нашиот макаденски пазар на труд побарувал и планирал 12.580 вработувања, од кои дури 63,5% се работни места за кои е потребна средна стручна подготовка. Соодветен квалификуван  кадар со средно образование, со знаења, умеења и вештини, тешко се наоѓа-тоа е проблем што постојано го истакнуваат менаџерите на странските компании во земјата. За ова тие предлагаат  соодветни мерки за развој на дуални програми во системот на средното образование.

Соодветен квалификуван кадар со средно образование, со знаења, умеења и вештини, тешко се наоѓа-тоа е проблем што постојано го истакнуваат менаџерите на странските компании во земјата.. За ова тие предлагаат и преземање соодветни мерки за развој на дуални програми во системот на  на средното стручно образование, односно практична настава што ќе се реализира во самите компании. Компаниите треба јасно да ги изразат и да ги планираат своите потреби за струките и занимањата неопходни за нивно успешно работење и во соработка со  со средните стручни училишта да изготват флексибилни наставни програми за реализирање на ваквата цел.

Што покажуваат искуствата на некои развиени странски држави

Искуствата на Германија, Австрија, Швајцарија, недвосмислено потврдуваат дека улогата на стопанските комори и на Агенциите за вработување во профилирањето на дуален систем на средно стручно образование е посебно значајна- Стопанските комори  треба да ги анимираат и фирмите училиштата во изготвувањето и профилирањето  на наставните програми, кои ќе осигураат оптимална комбинација на теоретскиот и на практичниот дел на наставата,а, Агенциите за вработување да им помагаат на учениците да одберат занает(соодветно стручно училиште), да аплицираат и да се запишат во соодветно училиште.

Нашата држава-Македонија, се наоѓа во длабока образовна криза долг временски период кои не се извршени битни промени во оваа сфера со издвојување за образование, наука, истражување и развој  да се третираат како инвестиција во иднината на земјата, а не како трошок. Со други зборови кажано да се има во предвид иновирање трансформирање и реформирање на образованието.

Дали Македонија има образовна стратегија?

Од искуствата на некои развиени европски земји во делот на образованието, импликациите од ова за Македонија се дека треба да се замени постојниот неплански и стихиен систем на образование со плански, во кој државата ќе има јасна стратегија и план за тоа како сака да се развива, на кои сектори да се заснова, и потоа и образованието и економските политики да бидат координирани и насочени кон истите цели.

Во изминативе 30 години, ние немаме развојна стратегија ниту за економијата ниту за образованието. Во економијата се беше препуштено на пазарите, во образованието се одеше по инерција, и затоа и дојдовме до оваа ситуација, да немаме никаков развој, ниски стапки на економски раст, висока невработеност, висока сиромаштија од една страна, а недостиг од одредени работници и континуирано пропаѓање на образованието. Мора да се сфати дека не може веќе така и конечно да почнат да се менуваат  работите, укажуваат експертите.

Државниот завод за статистика (ДЗС) недостасуваат работници

Според,  ДЗС  најмногу недостигаат работници во прехрамбената индустрија трговијата и градежништвото. Гледано по занимања, кај нас најмногу недостигаат работници во  услужните дејности и продажбата, , па потоа техничари, и машински работници ,но, во суштина, тоа се позиции што се полошо платени и имаат тешки работни услови, па затоа луѓето не сакаат да работаат во нив.

Исто така, на пазарот на трудот недостигаат сите видови производствени работници, угостители, работници во трговијата на мало, но исто така и ИТ-инженери, возачи на автобуси, металуршки и електроинженери, машински инженери и други  висококвалификувани работници.

Каква е состојбата во  Агенцијата за вработување на Македонија?

Во оваа Агенција има пријавено вкупно 151.204 невработени лица, од кои 117.049 активно бараат работа, а 47.873 не бараат работа, а се пријавени како невработени.

Извештајот на Агенцијата за вработување на Република Македонија(АВРМ) од евиденцијата за месец декември 2023 година, истакнуваат  дека работа бараат вкупно 15 доктори  на наука, 550 магистри и 6.688 лица со завршено  високо образование. Од лицата со титули кои чекаат  вработување, најбројни се  оние  од областа на правните, но и економските науки. Информациите од АВРМ невработени лица – магистри  на наука, во која магистрирале, најбројни се од профилот магистри на правни науки, економски науки, бизнис-администрација, инжињер архитекти, политички науки, потоа  магистри по маркетинг-менаџмент, психолошки науки, по меѓународни односи и други невработени лица-магистерски науки.

Невработени лица Доктори на наука по извештајот на АВРМ, работа бараат по профили: доктори по политички науки, економски науки, информатички науки,  по јавно здравје,  од областа на безбедност, по филолошки науки, социјална работа и социјална политика, по педагогија и други профили на невработени лица кои се доктори  на наука.

Загрижувачка е податокот, дека 21.246 невработени лица, или 46%(отсто),  од вкупниот број на невработени се без образование и со основно образование, 44,7%(отсто) се со тригодишно и четиригодишно образование и само 8,3%(отсто) или 3.774 лица со завршено вишо или високо образование. Дополнителен проблем е што лицата со образование не прифаќаат  обуки и преквалификации што им се  нудат од страна на Агенцијата.

Вистината лежи во огромниот број  вработени на црно и работници што веќе си заминуваат  во странство. Како проблем економските аналитичари го истакнуваат системот  на образованието, кој не продуцира  кадри потребни на нашето стопанство, и во слабата контрола на сивата економија и социјалната заштита.

Затоа, најпрво мора  да го исчистат  списокот  на невработени од вработените на црно, лицата заминати во странство и сите оние што не прифаќаат преквалификации и вработување.

Занимањата што ќе се бараат во иднина

Што се однесува на занимањата што ќе се бараат во иднина, експерите истакнуваат, дека тие мора да го следат  развојот на стопанството, дигитализацијата роботизацијата, зелената трансформација и се што носат новите технологии.

Со развојот на вештачката интелигенција, во некои  професии од администрацијата ќе се намали нивниот број или  целосно ќе згаснат, но во  индустријата и земјоделството ќе останат  голем број професии што ќе функционираат и понатаму.

Што е клучно?

Клучно е кариерното насочување на основците и средношколците, дуалното образование и акредитација на факултетите да одговараат на општествените интереси.

Образованието не чини многу пари, а, ако  тоа само служи  за да  квалификува какви било кадри што ќе заминат во странство, тогаш на долг рок Македонија нема да може да го издржи ова.

Македонија треба да гради образовна и економска политика, а не политика во образованието и економијата што е практика во нашата држава.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес