Каде исчезнуваат маснотиите кога слабееме?

Дали сте се прашувале каде одат маснотиите кои ги губиме при слабеењето? Секогаш се споменува дека за време на слабеењето ги согоруваме, па затоа многумина заклучуваат дека всушност исчезнуваат во организмот.

Сепак, ситуацијата е нешто поразлична.

-Поголемиот дел од маснотиите ги издишуваме од организмот како јаглерод-диоксид. Излегуваat во воздухот, открива физиотичарот Рубен Мирман.

Тој вели дека тоа е однос 80:20, односно дека поголемиот дел од мастите исчезнуваат благодарение на белите дробови, додека остaнатите излегуваат низ урината, изметот, потта, па дури и солзите.

Професорот Ендрју Браун открива дека оваа тема е предмет на многу расправи.

-Дури и многу доктори и дијабетичари се уверени дека вишокот масти ги прават мускулите или оти стануваат енергија која нѐ движи, па дури и дека се согоруваат во организмот, вели Браун.

Тоа не значи дека морате да почнете забрзано да дишете. Мирман објаснува дека мастите поминуваат низ метаболички процес пред да излезат од организмот.

Сепак, ако се обидете да го забрзате метаболизмот, ќе го забрзате и процесот кој е потребан вишокот масти да исчезнат од вашиот организам.