Каде се цивилните жртви на порталите на СОРОС?

Mинатиот викенд за време на престрелките во Куманово, на порталите на СОРОС се појавија написи за цивилни жртви, за што подоцна се испостави дека е комплетно неточно.

Порталот „Курир“ потсетува дека главниот стратег на опозицијата, уредник на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“, Бранко Героски тврдеше дека терористите се всушност обични граѓани по тренерки и патики, а се испостави дека не само што најголемиот дел се со униформи на УЧК, туку и дека располагаат со тешко формациско оружје со кое се пукаше врз полицајците.

Плусинфо тврдеше дека има пукање во Арачиново, па потоа во одделна вест дека има и во Тетово, уште една лага со која порталот на СОРОС и СДСМ внесе немир и го наруши спокојот на граѓаните.  Тврдеа и превземаа вести за време на акцијата дека има терористичка група во Зајас и дека таа паралелно ке започне акција, од тоа се испостави дека нема ништо точно.

gos

Порталите на СОРОС и СДСМ тврдеа дека упадот на терористите во Гошинце е “режирано сценарио”, а полицијата објави дека не само што нема никаква режираност, туку дека разбиената терористичка група го сокрила оружјето кое го запленила од упадот.

devojce

Плусинфо лажно тврдеше дека Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков биле викнати на “рибање“ во една странска амбасада, што се покажа како уште една ноторна лага далеку од вистината. Тие тоа време биле на своите работни места. Наводното контактирање на службеници од Петтата управа со терористите е уште една измислица. Ако некој контактирал со терористите, зошто тогаш тие се предале во поголемиот дел.

Досега најмаку 5 пати, а и пред само неколку дена Плусинфо шпекулираше со излегување на ДУИ од Владата, но тоа не се оствари. Плусинфо најмалку десеттина пати ја подгреваше еуфоријата на СДСМ дека Владата ќе падне брзо по само три дена од објавувањето на бомбите на Заев. Уште една лага во низата. Поминаа 4 месеци, а Владата и понатаму е со убедлива поддршка од граѓаните.