Џабе Љупчо Николовски се фалеше дека сме лидери во регионот по искористени ИПАРД средства. Прашање е каде завршиле тие пари, дали на вистинското место кај земјоделците или во приватни џебови кај лица од власта? Праша на Фејсбук, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Злоупотребата на парите од европските фондови се најде под истрага на Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ, а дури и евроамбасадорот Дејвид Гир потврди дека има истраги за злоупотребени пари од европските фондови во земјава. Колку се корумпирани покажува дека токму за време на оваа власт на СДС додека и самиот Николовски е министер, од 36 истраги во Западен Балкан, половина или 18 од нив се за Македонија. Според извештаите на ОЛАФ, од 18 истраги досега 7 се затворени и се доставени препораки до европските институции и македонските власти.
Што значи дека парите наместо за помош, поддршка, развој и инвестиции, завршувале можеби во приватните сметки на тие кои биле одговорни за нив.
Николовски треба да каже дали и колку од овие истраги се во фондовите наменети за помош за македонските земјоделци и дали им ги зема парите на земјоделците? Додека граѓаните, земјоделците едвај врзуваат крај со крај, некој им ги зема парите наменети за помош и инвестиции. Дали власта и Николовски за да покажат поголема искористеност на средствата од фондовите истите си ги делат во празно, односно за себе и после само да се пофалат со процент, иако парите не завршиле на вистинското место? Праша Трипуновски.
Ова е сериозно прашање за кои не само ЕУ туку македонските граѓани треба да добијат одговор, додаде Трипуновски.