Доколку планирате одмор или летување, а сте вљубеник во авантура, флерт и заведување постои една дестинација која треба да ја посетите. Вечно прашање кое никогаш не губи на важност е „Кои се најдобри љубовници?“. Одговорот секако им е важен на жените кои сакаат авантури, патувања, експерименти во кревет. Доколку сте и вие една од нив, а се уште не сте смислиле каде би можеле да појдете на одмор или да уплатите летување, земјата од соништата е Италија.
Најновите истражувања покажуваат дека таму живеат најголемите и најдобрите љубовници на светот. Студијата која е работена во соработка со шест илјади испитаници на различни народности покажала дека Италијанците се исклучително способни во кревет.
Дури 64 отсто од Италијаните и Италијанките изјавиле дека се повеќе од задоволни од нивниот сексуален живот, а одговарале на прашања кои се однесуваат на должината на сексот, оргазмот, прераната ејакулација и слични работи.