Кадетите се пласираа на ЕП во Полска

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра на Европското првенство во Полска, откако во последниот натпревар на квалификациите во Умаг ја совлада селекцијата на Грузија со 29:24. Избраниците на селекторот Александар Јовиќ на најдобар можен начин го завршија овој турнир и го покажаа својот квалитет. Претходно, според очекувањата, Хрватска беше подобра од Холандија со 32:18 и го отвори патот за Македонија до ЕП.

Најефикасни во нашиот табор на овој натпревар беа Филип Талевски со осум гола и Горан Крстевски со седум погодоци.
Македонија – Грузија 29:24 (14:13).

Македонија: Кизиќ, Бошковски 1, Гроздановски, Трајанов,Димовски, Велковски 4, Поповски , Ончевски 1, Ставридис , Блажевски, Талевски 8, Давитковски 2, Даниловски, Крстаноски, Крстевски 7, Палевски 5.