Кадетките загубија и од Романија

Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во низа на Светското првенство во ракоет што се одржува во нашата земја, овојпат од селекцијата на Романија со убедливи 37:23.

Нашите ракометни надежи одиграа уште една потпросечна партија како онаа со Аргентина, но овојпат имаа против себе и далеку поквалитетен противник кој не само што ги победи, туку и им одржа лекција по модерен ракомет.

Со овој пораз Македонија ги загуби скоро сите шанси за пласман во следната фаза, со оглед на фактот дека за четвртото место во групата им е потребен триумф над светскиот првак Данска.