Македонската ракометна репрезентација стартуваше со пораз на Светското првенство за кадетки што се игра во три градови ви Македонија. Црвено – жолтите на стартот од Ц- групата што се игра во Струмица , загубија од Германија со 24:20. Германките одиграа подобро во последните петнаесетина минути од мечот, користејќи го неискуството на домаќинот кога станува збор за настапите на големите натпреварувања. Македонките покажаа и квалитет и карактер, но сепак немаа сили да одговорат на предизвикот кога беше најпотребно, во финишот од натпреваротМакедонија следниот натпревар го игра утре против селекцијата на Аргетина. Во овој натпревар избраничките на Аце Станковски се благи фаворити, а овој натпревар треба да претставува половина пат до следната румда за нашата селкција.
РЕЗУЛТАТИ:
ГРУПА А: Шведска – Бразил 23:24, Јужна Кореја – Холандија 29:26, Казахстан – Тунис 22:27,
ГРУПА Б: Русија – Унгарија 26:27, Норвешка – Конго 37:16, Јапонија – Парагвај 29:25
ГРУПА Ц: Данска – Узбекистан 60:18, Романија – Аргентина34:20, Македонија – Германија 20:24
ГРУПА Д: Португалија – Ангола 33:28, Црна Гора – Франција 28:23, Хрватска – Кина 22:17