Челникот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, ги повика во неделата западните земји да го преиспитаат својот однос кон Русија и да научат како да соработуваат со неа.
Како што пишува Кадиров на својот Telegram канал, западниот свет сѐ уште не сфаќа дека современа Русија одамна престанала да биде „горбачевски сојуз на републики“ и „елцинова територија на изградена на пуч, дефицит и банкрот“.
„Ова е веќе поинаква, силна и моќна Русија, а вие, западните политичари, треба да ја преиспитате не стратегијата за распад на Руската Федерација, туку односот кон соработката со земјата којашто се претвори од ограбена и понижена од Западот во последните две децении во држава со моќна политичка структура, реорганизирана земајќи ги предвид стратешките цели, зацврсната и непоколеблива“, пишува Кадиров,
Чеченскиот лидер истакнува дека западните политичари не треба да влегуваат во спорови со Русија, и ја цитираше изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека доколку некој „сака да ја касне земјата, ќе остане без заби“.
„Научете да бидете пријатели со Русија – вашите заби ќе бидат поздрави“, додава Кадиров.