Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека нема сомнение дека убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов го организирале западните тајни служби.
– Тоа е организирано од странските западни тајни служби за да се предизвика внатрешен судир во Русија. Прво земаат некого под своја заштита, ја нарекуваат таа личност „пријател на САД и Европа“ и потоа го жртвуваат за да ги обвинат локалните власти, изјави Кадиров.
Борис Немцов беше убиен во петокот вечерта околу 23.15 часот. Во него се испукани најмалку седум или осум куршуми, додека шетал по мостот со пријателка, која пристигнала од Киев. Тој беше погребан во Москва.