Градот Северодонецк во одметната украинска источна проруска област Луганск е ставен под целосна контрола на силите на украинските сепаратисти поддржани од руските војски, објави во саботата вечерта чеченскиот водач Рамзан Кадиров кој со чеченските единици учествува во руските воени операции во Украина
„Фашистите се разбиени. Сите нивни позиции се уништени. Сверодонецк е под наша целосна контрола (…) Градот е ослободен. Жителите можат спокојно да дишат. Отсега повеќе ништо не ги загрозува“, напиша Кадиров на својот Telegram канал.
Чеченскиот челник пишува и дека првично се сметало дека градот ќе биде преземен од контролата на украинските сили за повеќе време, но напредувањето и целта биле постигнати побрзо.
„Првично беше планирано Северодонецк да биде ослободен за една седмица, но денеска направив прилагодување и поставив задача градот да биде ставен под контрола за три дена. Но нашите борци го сторија тоа уште побрзо – за три часа“, додава Кадиров.
Локалните проруски власти објавија дека нападот го водел помошникот на чеченскиот лидер Апта Алаудинов, во соработка со руската војска и „народната милиција“ од самопрогласената Луганска Народна Република.
„Сите одреди на бандеровците (според украинскиот нацистички водач Степан Бандера од Втората светска војна – з.р.) срамно побегнаа од Северодонецк штом дознаа дека борците од Чеченската Република почнаа да го чистат градот. Тоа не го кажувам јас, тоа го признаваат заробениците на нашите специјалци…. Наскоро ќе има уште одлични вести!“, додава Кадиров,.
Претходно во саботата претпладнето именуваниот од Киев воен гувернер на источниот претежно рускојазичен регион Луганск, Серхиј Хајдај, изјави дека украинската војска веројатно ќе се повлече од големиот источен град Севернодонецк, бидејќи руските сили се близу целосно да ги опколат.
„Можно е за да не бидат опколени, тие да мораат да си заминат“, рече Хајдај, додавајќи дека руските сили веќе се навлезени во делови од градот.
Во Севернодонецк, гувернерот Хајдај кажа дека половина од станбените објекти се уништени и речиси секоја зграда е оштетенва. Патот што води до територија контролирана од Украина е често бомбардиран од руските сили, но е прооден, додаде тој.
Претходно во вторникот војници од една од единиците на украинските вооружени сили распоредени во областа на Северодонецк во источниот одметнат проруски регион Луганск, снимија обраќање до претседателот Владимир Зеленски и врховниот командант на украинските војски Валериј Залужни, во кое ги наведуваат причините зошто одбиваат да ја исполнат борбената задача, пренесува во вторникот украински медиум.
„Ние, водот од 115-та бригада на 3-от баталјон, кој сега е базиран во Северодонецк, апелираме до вас. Одбиваме да ја извршиме борбената задача поради тоа што ја немаме неопходната заднинска заштита. Имено: тешка воена опрема која би не покривла, како и и неопходно водство“, го цитираше украинскиот сајт Страна.уа апелот на војниците.
Подоцна медиумот на своите социјални страници објави дека овие војници наводно се испратени во истражен затвор под обвинениe за дезертерство.
„Ние сме испратени во сигурна смрт. Немаме никакво водство, ниеден борбен командант, опрема, нема почит кон луѓето. Ние не се откажуваме од одбраната на својата земја, но сакаме да добиеме доверлива заднина и соодветна команда“, додаваат луѓето во видеото.
Претходно „амбасадорот“ на самопрогласената Луганска Народна Република во Москва, Родион Мирошник, изјави дека луганските сепаратистички сили со поддршка на руските единици напредувале во самата област на Северодонецк и неговите предградија.
Севернодонецк, град кој започнува индустриски развој во раните 1930-ти години, е важен центар на хемиската индустрија во Украина. Според последните отворени ресурси, во најмалиот обласен центар во земјата, живеат околу 130.000 жители податоци, од кои 70 отсто се Украинци и 27 отсто Руси.
По тактичкото повлекување од околината на Киев и северот на Украина, проруските сепаратистички сили со поддршка на руската војска се насочени го заземање на целата административна област на Донбас во границите пред превратот вво Киев во 2014 година, во кој се вклучени регионите Доњецк и Луганск. Севернодонецк е најголемиот град кој беше останат под украинска контрола во Луганск.