Кадиров потврди дека чеченски борци се во Украина и ги повика Украинците да ја соборат владата

Челникот на Чеченската република, Рамзан Кадиров, во саботата во видео обраќање рече дека ниту една специјална единица од Русија не заминала во Украина за да убива, туку за завршат со тамошното „беззаконие врз населнието“, потврди дека чеченски борци се распоредеи во Украина и побара од Украинците да ја соборат сегашната влада.

„Ниту една руска специјална единици и ниту еден војник не оди во Украина да војува, а не пак да убива. Напротив, тие одат тами за да стават крај на беззаконието кое трае осум години против цивилното населние“, напиша Кадиров на својот Telegram канал.

Истакнува дека односот кон самите Украинци е „најљубезен и оти нема за што да се пресметуваат со украинските војници“.

„Сите прашање исклучиво се однесуваат на неонацистите од Бандера и терористите кои по убиствата на жителите на Чеченската република побегнаа од тука и се сокрија таму. Сакаме да се справиме со нив“, додаде Кадиров.

Чеченските исламистички бунтовници со помош на западните разузнавачки служби во 1990-те години војуваа против руската војска, сѐ до доаѓањето на Владимир Путин кој ја стабилизираше армијата. Во текот на тие борби, според руското обвинителство кое собира изјави од очевидци со години, учествувале и припадници на неонацистичките групации од Украина.

Така утврдено е и дека првиот украински премиер по превратот во Киев во 2014-та, Арсениј Јанценјук, во 1994/1995 година како дел од казнените одреди „Арго“ и „Викинг“ (водени од Александр Музичко водач на украинските ултранационалистички групи кој беше ликвидиран во Украина во судир со полицијата откако власта во 2014-та ја преземаа прозападните сили), учествувал во напад врз болница, во измачувања и ликвидации на руски и чеченски полицајци и војници,

Кадиров во видео снимката поставена на интернет порача дека чеченските единици досега не претрпиле никави загуби. Додава дека руските сили без проблеми би можеле да ги заземат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат загуби меѓу цивилите и воопшто во човечки животи.

Во петокот на социјалните мрежи се појавија снимки коишто ги прикажуваат чеченските борци во главниот град Грозни како се подготуваат за заминување во Украина.