Фудбалерите на Кадиз продолжуваат со одличните резултати во шпанската Ла Лига во која во петокот вечерта ја остварија својата четврта година совладувајќи го како гости Еинар со 2:0 во првиот диел од осмото коло.
Гостите до трите бода стасаа со двата погодока постигнати за само две минути, и тоа пред крајот на првиот дел. Во 36 минута Алваро Негредо со глава го совлада домашниот голман, а веќе во 38 минута брзиот против напад на гостинскиот тим со гол го заврши Салвадор Санчез Понсе.
Како повратник меѓу шпанските прволигаше, Кадиз во осумте кола собра 14 бодови и моментално е на второто место на табелата. Во водство е Реал Сосиедад со ист број бодови од седум кола, а трете е актуелниот шампион Реал Мадрид со 13 бодови од шест кола. Еибар остана моментално на осум бодови со кои е на 11-то место.
Во сабота на распоред е мечевите Реал Мадрид – Уеска (почнува во 14 часот), Атлетик Билбао – Севилја (16.15), Осасуна – Атлетико Мадрид (18,30) и Алавес – Барселона (21 часот).
Во недела игаат Бетис – Елче (14 часот), Селта Виго – Реал Сосиедад (16), Гранада – Леванте (18,30) и Валенсија – Хетафе (21 часот). Колото завршува во понеделник со дуелот Вилјареал – Вајадолид во 21 часот.