Кадровски измени во ВМРО-ДПМНЕ

На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот вечерта беа донесени и одлуки кои се однесуваат на кадровските позиции во партијата.

Нов претседател на Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ е Бојан Христовски. Христовски е магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки. Од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции. Христовски беше и директор на ЈП „Градски паркинг“ Скопје, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Тетово е пратеникот Александар Велјановски. Тој има долгогодишно работно искуство како самостоен стручен соработник во ЈЗУ Здравствен дом Тетово и директор на КПУ Воспитно поправен дом Тетово, додаваат од таму.