![kaevski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kaevski.jpg?resize=696%2C367&ssl=1)
Каевски да докаже како ги стекнал 4 те милиони на сметка, хациендата во Волково и станот кој го купил сам, ДКСК да отвори случај, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Дарко Каевски има само 30тина години, а на сметка има 4 милиони. Тоа се пари за кои луѓе да ги заработат работат 30 години. Како Каевски со чиновничка плата успеа да ги заработи за 5 години? Дополнително кога ќе заврши со докажување на потеклото на парите на сметка, нека каже од каде му се парите за станот во Кисела Вода од 60 м2? Каевски должи одговори и дали луксузната хациенда на местото на неговата стара куќа во Волково е изградена дивоградба додека тој бил директор на Агенцијата за млади и спорт, а со Ѓорче Петров управуваше СДСМ? ДКСК да не молчи пред овие очигледни докази и да отвори случај за Дарко Каевски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски мора да докаже како со чиновничка плата до имот од над 8 милиони денари, за кој тврди дека е негов? Прашуваат од таму.