Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста од враќање на рак на дебелото црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажуваат реултатите на eдно американско истражување.
Сите пациенти во тоа клиничкото истражување биле подложени на хируршки зафати и хемотерапија поради рак на дебелото црево во трет стадиум, што покажува дека канцерогените клетки ги зафатиле и лимфните јазли близу туморот.
Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста од враќање на рак на дебелото црево и ги зголемува шансите за оздравување
За овие пациенти во истражувањето лекарите велат дека дневно пиеле најмалку четири шолји кафе и тврдат дека кафето имало најголем ефект во намалување на опасноста да се врати карциномот, и тоа за 42 отсто.
Истражувањето се однесувало на околу 1.000 учесници кои одговарале на прашалник за своите прехранбени навики на почетокот на истражувањето, во текот на хемотерапијата, и повтоно една година подоцна.
11 причини зошто е добро да пиете кафе секој ден
Пред да почнете да ја читате оваа листа, најдобро ќе биде да си го подготвите омиленото кафе и да уживате во неговиот вкус, бидејќи нема ниту една причина зошто да не го направите тоа.
- Кафето содржи најмногу антиоксиданси кои му се потребни на телото. Многу повеќе и од овошјето и од зеленчукот
- Само мирисот на кафето може да ви го намали стресот значително
- Пиењето кафе може да ја контролира Паркинсовата болест
Пиењето кафе може да ја контролира Паркинсовата болест
- Секојдневното пиење кафе штити од цироза и помага во намалувањето на штетното влијание на алкохолот.
- Кафето може да ве направи посреќни и помалку депресивни
- Кафето го намалува р
- Кафето ги намалува шансите за заболување од рак на кожата, особено кај жените
- Кафето особено им помага на атлетските спортисти и ја зголемува нивната сила и брзина
- Кафето ви го буди мозокот и ви ја подобрува концентрацијата
- Кафето ве прави поинтелигентни
- Кафето е едно од најдобрите измислени нешта во кои можете секојдневно да уживате каде и да сте, сами или со пријателите. Продолжете да пиете!