Каиро: Започна судењето на Морси

Во Каиро започна првата судска постапка против поранешниот египетски претседател Мохамед Морси и уште 35 високи членови на Муслиманското братство за шпионажа.

Египетската државна телевизија јавила дека застапниците на одбраната ја напуштиле судницата во знак на протест поради тоа што нивните клиенти се сместени во звучно изолиран „стаклен кафез“.

Обвинетите скандирале пароли против војската и актуелната власт, пееле песни за „слободата на револуционерите кои го продолжуваат својот пат“, пречејќи во работата на судот, како што тоа го прават обвинетите на сите процеси.