На 11.10.2014 година во 11,45 часот во Виница на локалниот пат с.Блатец-Манастир „Св.Ѓорѓија“, на м.в.„Манастирец“, се случила сообраќајна незгода во која А.Д.(75) од с.Блатец, управувајќи трактор „ИМТ“ со штипски регистерски ознаки, излетал од патот. Во незгодата, сопатникот Слободан Ќ.(79) од нас.Драчево-Скопје, починал на лице место,додека возачот се здобил со ТТП, веднаш е пренесен во ЈЗУ-Виница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во УЦ-Скопје.Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од ПС-Виница.