![pejronieva bolest](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/pejronieva-bolest.jpeg?resize=640%2C360&ssl=1)
Студијата спроведена на 1,5 милиони мажи покажала загрижувачка поврзаност меѓу Пејрониевата болест, односно закривен пенис во ерекција, и развојот на карцином на абдоменот, кожата и тестисите, објавија учесниците на конгресот на американското Здружение за репродуктивна медицина.
Пејрониевата болест предизвикува фиброза, односно формирање вишок влакнесто сврзувачко ткиво во внатрешноста на органот, што предизвикува закривеност на пенисот во ерекција.
Ваквото нарушување е забележано кај околу 155.000 возрасни мажи во Велика Британија. Почесто е кај повозрасните од 40 години, но може да погоди која и да е друга возрасна група. Поради интимната природа на болеста за неа малку се зборува, бидејќи многу мажи чувствуваат срам, па болеста влијае врз самодовербата на мажот како и врз здравјето, пишува весникот The Independent.
Резултатите од истражувањето чиишто резултати ги обработил Универзитетот Бејлот во Хјустон, покажало дека кај мажите со дијагностицирана Пејрониева болест евидентиран е 40 отсто поголем ризик од развој на рак на тестисите, 29 отсто поголем ризик за развој на меланом и 40 отсто поголема опасност од развој на карцином на абдоменот.
Имајќи ги предвид загрижувачките резултати од студијата, ги повикале лицата со ова заболување на редовни контролни прегледи за потенцијалната малигна болест на време да биде откриена.
„Тоа е извонредно значајно бидејќи мажите за тоа не водат сметка. Состојбата може д авлија на сексуалниот и на репродуктивниот циклус на пациентот, а се поврзува и со сериозни нарушувања“, вело др Александер Пастужак, додавајќи дека досега никој не го поврзал ова нарушување со малигните болести.
Портпаролот на здружението Cancer Research UK додава дека причината за Пејрониевата болест не е целосно разјаснета, но оти е познато дека на нејзиното развивање влијаат низа фактори.
Пејрониевата болест обично настанува како резултат на повреди на малите крвни жили во пенисот, на пример во текот на сексуален однос, спортска активност или како последица на несреќа. Во текот на процесот на заздравување, крвните зрнца и другите клетки се заробени на местото на повредата, што доведува до насобирање на лузнесто ткиво.
Меѓутоа, споменатата болест не се развива како секој маж по повредата на пенисот. Лекарите веруваат дека постојат наследни особини кои може да играат улога во чувствителност на ова нарушување.