Kaj штипјанец полицијата пронашла разно оружје и куршуми

Во дом на штипјанец полицијата пронашла разно оружје и куршуми. Против него е поднесена кривична пријава, а судот му определи 30-дневен притвор.

Според информациите на МВР, на 3 јануари полициски службеници  извршиле претрес во домот на М.Б.(45) на ул. Антон Панов во Штип, при што пронашле и одзеле автоматска пушка „хеклер“, малокалибарска пушка непозната марка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“, револвер „гранд“, револвер „таурус“ и 1.119 парчиња куршуми од различен калибар.

Против него е поднесена кривична пријавa за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.