Кривична пријава е поднесена против 29-годишниот И.С. од Скопје, поради основано сомневање дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Имено во петокот на ул.„Кајларска“ од страна на полициски службеници било извршено легитимирање и преглед на пријавениот, кој бил во друштво со уште две лица, каде што при прегледот истиот доброволно предал четири зипер кесички со непозната растителна материја.
Како што соопшти МВР, истиот ден врз основа на Судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 20-тина кесички со непозната растителна материја, едно зипер кесиче во кое имало осум семки од непознато растение, една зипер кеса во која имало седум непознати таблети и една дигитална вага сива боја со остатоци од непозната растителна материја.
Пронајдените предмети кои се пронајдени при личниот преглед кај пријавениот, како и при претресот во неговиот дом, со потврда за привремено одземени предмети се одземени од истите се предадени за вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ каде што било констатирано дека растителната материја од четирите зипер пакувања сe со вкупна нето маса до 3,96 грама и преставува наркотична дрога марихуана, како и растителниот материјал одземен при претрес на домот со вкупна нето маса од 114,1 грам, а на површината од дигиталната вага констатирани се траги од растението канабис и траги од кокаин.
Осумте семки исто така потекнуваат од растение канабис а констатирана е активна компонента во седумте таблети – 3,4 (MDMA)-психотропна супстанца-стимуланс.
Инаку пријавениот минува во полициската крим евиденцијата како извршител на три тешки кражби.