Кај земјоделците стојат неоткупени над 40 отсто оризова арпа

Согласно принципите на ВМРО-ДПМНЕ ние постојано сме помеѓу земјоделците и помеѓу граѓаните на Република Македонија. Денеска на барање на земјоделците сме во Чешиново-Облешево на средба со нив. Разговарам за актуелните теми во делот на земјоделството. Она што сакам да го потенцирам е дека се разочарани од земјоделските политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев затоа што во моментов иако е во тек спремањето на полето за идната реколта на оризот, во амбарите стојат неоткупени преку 40 % на оризова арпа, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски

„Луѓето едноставно не можат да ги покријат основните трошоци за живот бидејќи пласманот на оризот минатата и оваа година е на многу лошо ниво. Она што од тука исто така сакам да го потенцирам е дека во целината земјдолеството и сточниот фонд во овој регион е намален за повеќе од 60 %. Имаме поплаки за неисплатени односно намалени субвенции. Иако владата постојано се фали дека се реализирани програмите за субвенции, гледаме дека директно од теренот земјоделците кажуваат дека тоа не е така.“

Ова не е слика само во Чешиново – Облешево, кај и да одиме постојано во комуникација со земјоделците, со граѓаните гледаме дека погубните политики на Зоран Заев и Николовски се повеќе од катастрофални затоа што земјоделците се соочуваат со многу лоша година. И минатата, меѓутоа и оваа година гледаме дека на почетокот имаме лоши политикипотенцираше Трипуновски и подвлече:

„Она што во разговор со нив го кажуваме дека за македонскиот земјоделец доаѓа светла иднина бидејќи ВМРО ДПМНЕ има и кадровски меѓутоа има и потенцијал со успешни проекти кои што во иднина ќе ги реализираме. Ќе имаме добра земјоделска година бидејќи земјоделците заслужуваат сигурен пласман. Се надевам дека исто така конечно министерството ќе најде начин за сериозен пристап кон македонскиот земјоделец бидејќи навистина земјоделците тоа го заслужуваат.“