Сестрата на Ким Кардашиан, Кајли Џенер само што наполни 18 години, а по она што го тврди неименуван извор за еден таблоид по се изгледа познатата манекенка ќе стане мајка.
Истиот извор што за магазинот „Life&Style“ рекол дека Кајли е бремена го открил и името на таткото на детето.
Станува збор за Тига. Момчето со кого Кајли е во врска и кој веќе го има тригодишниот син Кинг Каиро од врската со Блек Чајна, поранешната девојка на братот на Кајли, Роберт Кардашиан.
Кајли малку се здебели и вели дека има чудна желба за пилешко и крофни. Таа говори само за имиња на бебиња, дали ќе роди момче или девојче, како ќе ја уреди детската соба… Сепак не се сите толку воодушевени од овие вести. Постарите сестри на Кајли – Ким, Клои и Кортни Кардашиан, сметаат дека тоа е голема грешка, вели изворот.
Нејзината мајка, Крис Џенер не била изненадена од вестите, но ниту таа не е „особено восхитена“ од нив.