Кајмакоски: Не ми треба девојка, ми треба потенцијална сопруга

Финалистот на „Икс Фактор“, Даниел Кајмакоски, е еден од секако најпосакуваните натпреварувачи, а додека многу девојки мечтаат за него, шармантниот учесник открива дека се уште на ја пронашол онаа вистинската која во потполност го освоила неговото срце и се надева дека наскоро ќе ја оствари својата желба и ќе ја пронајде потенцијалната сопруга, пишува Светплус.

„Се уште не сум ја пронашол онаа вистинската, иако секојдневно ми приоѓаат многу убави девојки. Меѓутоа, тешко ми е да бидам со некоја на која и се допаѓам само поради тоа што ме гледа на телевизија. Имам 30 години и не ми е важно само да имам девојка, туку сакам да ја најдам потенцијалната сопруга“, вели Даниел, кој додава дека учеството во Икс Фактор целосно му го променило животот.