Кајмакоски: Сакам да отворам училиште за таленти

Победникот на првиот балкански Икс фактор, Даниел Кајмакоски, кој најави дека има намера да се пресели во српската престолнина, победата ќе ја прославува со останатите натпреварувачи, но, откако еуфоријата малку ќе стивне. Иако пред суперфиналето изјави дека нема трема, кога го прогласија за победник, тој сепак не ги сокри солзите.

Во Во интервју за српскиот портал „Мондо“, Кајмаковски се надева дека на прославата ќе дојдат сите натпреварувачи, а би сакал во тој момент да се со него семејството и неговите пријатели. За својата мајка, вели дека дала се’ за него и неговите браќа.

„Постариот брат ми е веќе успешен, веќе направи кариера, а помалиот е многу интелигентен и добар  во училиште. Мајка ми секогаш за мене зборувала дека сум птица скитница, и конечно можа да кажам дека сум ја усреќил, бидејќи го најдов својот пат“, вели Кајмаковски за „Мондо“.

За неговата споредба со Тоше Проески, Даниел вели дека тоа е голема чест за него, но дека тој нема никогаш да биде тоа што бил Проески.

„Тој секогаш ќе биде Тоше, а јас секогаш Даниел. Цел живот луѓето ме фалат, но никогаш не сум имал конкретна поддршка и затоа сакам да отворам училиште за таленти, бидејќи Балканот е полн со нив, и да им помогнам на оние на кои им е потребно тоа“, вели Даниел.

Поради посветеноста на музиката, тој открива се’ уште нема девојка. Тој планира

Соработка со својот ментор, Жељко Јоксимовиќ, и не му значат многу приказните дека талентите кои победуваат на вакви натпреварувања „пропаѓаат“ и вели дека има намера да ја „смени таа плоча“ и дека ќе даде се’ од себе таа бајка да продолжи“.