Како да дознаете дали сексуално го привлекувате?

Говорот на телото претставува речиси 80 отсто од комуникацијата, така што според него можете да заклучите повеќе од она што ќе го чуете, па помеѓу останатото и тоа дали некому му се допаѓате или не.

Ако обрнете внимание, дури ниту суптините знакови, како намигнувањето нема да ви бидат потребни.

Ако се допира по лицето, како оближување на устата, триење на брадата или пак поминување со прстите во пределот на носот, потсвесно го насочува вашето внимание кон него, исто како и жените кога им се допаѓа некој маж.

Неконтролираното подигнување на веѓите е вториот знак за заинтересираност, бидејќи на тој начин неговото око добива повеќе визуелни информации за вас, додека играњето со чаша, клучевите од автомобилот само додава масло на огнот.

Кога покрај сето наведено тој постојано се приближува до вас, навлегувајќи во личниот простор, а стапалата му се насочени кон вас, можете да бидете сигурни дека сте го освоиле.