Примената на пробиотици е поврзана со помал ризик за благи инфекции кај децата од предшколска возраст, покажува истражувањето спроведено во Мексико.
Пробиотиците се живи микроорганизми, така наречени добри бактерии, кои што примени во соодветни количини имаат поволно влијание на здравјето. Во тримесечното истражување е утврдено дека примената на бактеријата lactobacillus reuteri DSM 17938 е поврзана со намалување на ризикот за респираторни инфекции и дијареја кај деца.
Стручното списание „Педиатрикс“ пишува дека новите наоди собрани на примерок од 336 деца помлади од три години го потврдуваат превентивниот потенцијал на пробиотиците.
Истражувачите додаваат дека позитивното влијание на пробиотиците кога е во прашање на намалување на ризикот од респираторни и стомачни инфекции бил присутен и откако децата престанале да конзумираат пробиотици.