Како да го победите стресот?

Како да го победите стресот?
Како да го победите стресот?

Кога сте под стрес, најверојатно посегнувате по нешто слатко, што е сосема погрешно. За да го победите стресот, на своето тело треба да му обезбедите доволно хранливи материи за борба против истиот. А слатките само привремено ја подобруваат ситуацијата. Тие намирници навистина се богати со енергија, но им недостасуваат хранливи материи кои на организмот му се потребни.

Ова се намирниците кои треба да ги внесувате во борбата против секојдневниот стрес:

Банани

Го зголемуваат нивото на сератонин кој го подобрува расположението, му дава енергија на телото, а калиумот го намалува крвниот притисок и превентивно делува за кардиоваскуларните болести.

Аспарагус

Зеленчук кој е богат со фолна киселина која влијае на создавање на сератонин и витамин Б6 кој е особено важен за нервите.

Боровинки

Ова овошје изобилува со антиоксиданси кои успешно ги неутрализираат слободните радикали кои го нарушуваат здравјето. Богати се со витамин Ц, кој е неопходен за зајакнување на организамот и борбата против стресот.

Моркови

Богати со витамин Б6, витамин Ц, бета каротен и калиум кој е одлично оружје против стресот. Ги опушта мускулите и делува како силен антиоксиданс.

Авокадо

Квалитетни масти, витамин Б6 кои изобилуваат во авокадото и ќе ви дадат потребна енергија, а истовремено се здрава замена за пржените грицки.