![celulit-620x396](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/celulit-620x396.jpg?resize=620%2C396&ssl=1)
Ако сакате да облечете кратки пантолони или здолниште а ве мачи целулитот што се гледа на вашите нозе постојат барем три испробани инстант решенија за привремено прикривање на целулитот.
- Лак за коса
На кожата зафатена со целулит испрскајте лак за коса мошне силен зацврстувач. Застанете право и мирно и почекајте лакот за коса во целост да се исуши. Би требало да почувствувате како кожата ви се затегнува. Целулитот ќе се гледа помалку и затоа што сјајот на лакот ќе ја прекршува светлината што исто така визуелно ќе ги скрие видливите дупчиња. Со лак за коса можете да ја зацврстите и лабавата кожа на горниот дел од рацете.
- Средство за потемнување на кожата
Целулитот најмногу се гледа на посветла кожа. Колку кожата е потемна толку помалку се гледа целулитот. Поради тоа и кремите и спрејовите за потемнување на кожата се добри прекривачи на целулитот, само внимавајте, само внимавајте нијансата да не биде премногу темна, односно да не е потемна од остатокот на телото.
- Студен туш
Студената вода ја затегнува кожата. Туширајте го делот од телото што е зафатен со целулит со колку можете постудена вода барем пет минути и целулитот привремено ќе исчезне.