Петардите и огнометот станаа „задолжителен“ дел од прославата на новогодишните празници. Се’ почесто крајот на годината се прославува со лансирање на ракети и огномети кон небото, а во исто време и петардите се неизбежни како начин на забава. Луѓето, дефинитивно бараат слобода да избираат чуден начин на забавување: сакаат работи кои експлодираат.
Оставајќи ги настрана несреќите што се случуваат секоја година меѓу луѓето кои не се навикнати на барут и неговите деривати, вистината е дека повеќе кучињата не можат да ги поднесат огнометите и петардите. Поточно, не станува збор за само извонреден и изострен кучешки вкус, туку за многу посериозен проблем.
Ефектот на бучавата од огномети и петарди врз кучето кое се плаши од нив, е како да се подложи на висок интензитет на анксиозност. Кучето едноставно верува дека ќе умре во тој момент. Всушност, многу кучиња и завршуваат со срцев удар и смрт.
Што доживува вашето куче поради пиротехниката
Се’ уште не е точно утврдено зошто некои кучиња страдаат од оваа фобија, а други не. Меѓутоа, не е ни многу важно да се знае потеклото на проблемот: доволно е да се знае дека оние кои го чувствуваат ефектот навистина ужасно патат и страдаат. Сето она што е кажано погоре може да го потврди секој што чува куче кое се плаши од огномети, го доживува и гледа кучето, кое во следната секунда, по бучавата, одеднаш станува сосема друго куче.
Силни треперења, опашката меѓу нозете, квичење, ужасот на неговото лице и неговиот начин на дејствување…се само дел од ефектите што лесно можеме да ги забележиме. Жалосно, но, ефектите се уште поголеми одвнатре, физички и ментално. Кучињата страдаат од тахикардија, гадење, нереалност и чувство дека ќе умрат. Срцевиот удар може да се случи кај слаби, болни или некои постари кучиња. Исто така, во вакви случаи следува и губење на контролата. Многу кучиња исчезнуваат засекогаш, бегајќи со полна брзина во моментот кога ја чувствуваат првата експлозија на пиротехничкиот спектакл на небото или злоупотребата на петарди во соседството.
Што да направите за да му помогнете на кучето да го надмине овој момент
За жал, магична формула не постои. Еден, поразумен начин подразбира да го натерате вашето куче да се навикне на звуците додека е уште мало, изложувајќи го во првите три недели од своето постоење на петарди, притоа не давајќи му значење на субјектот, можно е тоа никогаш во иднина да страда од овој страв. Сепак, дури и оваа тактика не може целосно да гарантира дека кучето е ослободено од овој ирационален страв.
Во принцип, она што е најважно е да остане смирено, а не да се обиде да се заштити од опасност која всушност и не постои. За целосно совладување на ситуацијата, препорачливо е:
- Доколку знаете во кое време ќе се одвива огномет забава или некој вид прослава со петарди, да останете во куќата во тивка атмосфера, со затворени прозорци или ролетни.
- Или, спротивно на ова, пуштете го телевизорот што е можно погласно, со цел да го придуши звукот од пиротехниката.
Што НЕ се препорачува да правите
Ако вашето куче се крие (обично под креветот или во некоја празнина меѓу мебелот), не се обидувајте да го присилите да излезе од таму за да му го ублажите стравот. Дозволете му да ја „избегне опасноста“ на начин со кој тоа ќе се чувствува најбезбедно. Доколку живеете во куќа и вашето куче обично го поминува денот во дворот, не го оставајте таму самостојно, чекајќи ја бучавата да помине, и секако, никако не го врзувајте!
Во вакви ситуации запаметете дека само вие знаете дека огнометот е безопасен…но, вашето куче мисли дека ќе умре во следните неколку секунди.
Накратко, секогаш кога можете обидете се да го заштитите вашето куче од огномети и петарди со превентивни мерки. Тоа е најдоброто што можете да го направите за своето милениче.