Луѓето мислат дека само мажите сакаат врска само за секс. Но, верувајте, многу жени се спремни за „секс-пријателство”, а постојат и многу начини како да му дадете до знаење дека вашите интереси се строго сексуални.
Мажите секогаш мислат дека жените сакаат сериозна врска. Вистина, тоа се случува често! Нашите хормони создаваат хемија која прави да сакаме да се врземе, но тоа не значи дека ние жените секогаш сакаме да бидеме во врска. Понекогаш кога жената влегува во „секс-пријателство”, тоа не значи дека мажот ѝ се допаѓа, туку дека едноставно тој прави таа да се чувствува убаво кога се заедно со него во кревет. Еве неколку совети како да му дадете до знаење на „секс-пријателот” дека вашите интереси се строго сексуални и ништо повеќе.
Бидете искрени
Иако многу мажи нема да ви поверуваат кога ќе кажете дека сакате само секс, сепак искреноста е најдобриот лек. Уште на почетокот на вашето „секс-пријателство” отворете ги картите и објаснете му на сексуалниот партнер дека не сакате врска и дека сте со него само поради сексот. Бидете фини доколку сметате дека му се допаѓате, бидејќи, кога станува збор за чувства, ваквата врска може да стане комплицирана. Ако бидете искрени и ја кажете вистината, само така работите ќе бидат јасни за вас двајца.
Не врзувајте се
Да не се врзувате во ваквиот вид на врска е една од најважните начини за да му разјасните на партнерот во оваа игра дека сакате само секс. Кога станува збор за каков било тип на комуникација, држете се до едноставноста и до вашата поента. Во вашите разговори држете се конкретно до времето и местото на вашата средба, а доколку тој сака да почне друг разговор, игнорирајте го тоа.
Држете се до својот мотив
Многупати жените прават сè за да им се допаднат на мажите. Многу е важно да бидете јасни и со вашите чувства во врска со оваа ситуација. Бидете сигурни дека сакате само секс, бидејќи поигрувањето со туѓите чувства може да биде многу комплицирано.
Без гушкање
Постојат и некои трикови кои треба да ги употребувате во креветот. Многу пати по сексот, партнерите сакаат да се гушкаат и да разговараат до доцна во ноќта. Ова е многу важно доколку прв пат спиете со вашиот секс-партнер, бидејќи начинот на кој се однесувате по сексот, покажува всушност како вие се чувствувате во врска со ситуацијата. Затоа, откако ќе завршите со сексуалната игра, облечете се и напуштете го местото на настанот. Ова е клучот за да му стане јасно на вашиот секс-партнер дека сексот е единствената работа која ве поврзува.