Како да ослабете, а да не ве чини многу?

Голем број диети опфаќаат намирници, кои не се баш поволни за вашиот џеб.

Егзотично овошје, морски плодови, специјални масла знаат да бидат прескапи за секојдневно конзумирање. Меѓутоа постојат неколку намирници кои помагаат во губењето на вишокот килограми, а нема да ве чинат многу.

Зелка

kisela zelka

Зелката е преполна со витамин Ц и има малку калории, па поради тоа е главна состојка на повеќе диети. Зелката можете да ја јадете свежа или пак да ја зготвите, а и нејзината цена одговара за сечиј џеб.

Јогурт

jogurt

Ако сакате да ја убиете гладта напијте се чаша јогурт. Така сигурно ќе прескокнете еден оброк, а при тоа нема да ве чини многу. Знајте дека јогуртот е преполн со калциум и млечни протеини, а помага и при варењето на храната.

Вода

Водата за пиење во Струга е загадена

Водата го чисти организмот од штетните материи и се препорачува да пиете барем два литри на ден. Исто така, имајте на ум дека често кога сме жедни веруваме дека сме гладни. Така, следниот пат кога ќе помислите дека е време за јадење, прво испијте чаша вода и малку почекајте. Доколку и понатаму чуствувате глад, тогаш е време за оброк.

Јаболка

jabolka

Јаболките, како и водата го чистат организмот. Тие се преполни со антиоксиданси и витамини, па затоа се идеални како ужина.