Доколку имате парфеми што не сте ги користеле многу долго, еве еден начин за да проверите дали му истекол рокот на траење.
Велат дека ништо не буди сеќавања како добро познатите мириси. Така секој од нас има по некој парфем што е негов заштитен знак.
Се смета дека парфемот може да трае помеѓу 3 и 5 години, меѓутоа оваа временска граница може да варира во зависност од повеќе фактори. Еве некои од нив.
- Доколку во парфемот има голем број природни состојки, како на пример цитрус и слично, тогаш голема е веројатноста дека побрзо ќе му помине рокот на траење. Во некои парфимерии веруваат дека таквите препарати најдобро е да се искористат во период од шест месеци по отварањето на амбалажата. Парфемите што се состојат од масло на зрнести плодови и есенции од дрвенести растенија траат подолго. Со неотворена амбалажа и доколку ги чувате во оригиналното пакување и правилно ги чувате, може да останат употребливи и до пет години.
- Доколку забележите дека парфемот мириса чудно или дека течноста се променила, тогаш најдобро е да го фрлите.
- За да го продолжите рокот на траење на вашиот омилен парфем, треба добро да го затворите затоа што мирисот се менува во контакт со воздухот. Исто така, парфемот треба да се чува на суви, затемнети и студени места, а препорачливо е и да ги чувате во ладилник.