Како да се омажите во 2015 година? Еве што треба да промените

Велат дека убавите девојки подобро поминуваат во животот, имаат повеќе пари, повеќе пријатели и среќни се. Но, ако му се верува на едно американско истражување, постои поле на кое добриот изглед не е пресуден. Станува збор за бракот.

Џон Молој, автор на книгата „Зошто мажите се женат со одредени жени, а со други не“, вели дека постои точно одреден тип на дами кои припадниците на посилниот пол ги сакаат за брак. Тоа се жените кои се лојални, дискретни и љубезни. Интервјуирани биле повеќе од 3.000 мажи, а Молој дошол до заклучок дека на мажите им е важно нивната избраничка да биде дотерана, но не и премногу згодна.

„Убава и склона на флерт е пожелна како девојка, додека како партнерка која се бара за цел живот се потребни други квалитети. Мажите главно не се женат со секси девојки, бидејќи сакаат да бидат сигурни дека децата кои ќе ги одгледуваат ќе бидат нивни. Тие сметаа дека убавите жени се секогаш на мета на додворувачи, додека жените со просечен изглед нема да бидат изложени на постојани искушенија, а со самото тоа тие имаат подобар партнер за создавање на стабилна, долготрајна и хармонична врска“, вели Молој.

devojka-1388867565-23448

Нереални очекувања

Истражувањето покажало дека полесно се мажат жените со активен социјален живот, оние кои имаат повеќе другарки од другари, како и девојките кои во своето окружување имаат многу сингл пријатели и колеги. Во предност се и дамите кои често одат на состаноци, па макар тоа и да било со „господинот погрешен“. По патот до прстенот, лигично, е да тежнее секоја жена која има нереални очекувања, што во последните години е претворено и во „болка“ на многу девојки ширум светот. Но, истото важи и за дамите кои се забавуваат со оженети, како и за девојките кои живеат со родителите, а имаат колку-толку финансиски можности да се осамостојат.

Американското истражување покажува и дека на мажите им се доволни 10 минути да проценат дали девојката пред нив е материјал за сериозна врска или само за забава. Премногу провокативното облекување, како и согласноста на секс на првиот состанок, ве сместува во категоријата „добра за кревет, но не и за брак“.

devojka-sa-sesirom-1420794041-53212

Опасност од заеднички живот

Заедничкиот живот за многу жени е знак дека врската оди еден чекор нанапред, но мажите со тоа само купуваат време. Одредени експерти за врски ги советуваат жените да не започнуваат заеднички живот пред таа да биде побарана. Ако заедно живеат , мажот се повеќе ги добива сите погодности, па нема да посака да ја официјализира врската. Предрасуди се и дека мажите „паѓаат“ на жени кои секогаш им подготвуваат ручек, чистат по нив и вложуваат во се.

Како што вели еден од испитаниците, никој не сака да се ожени со слугинка. Секако тоа не значи дека треба да престанете со средување на станот или готвење, но добра идеја е домашните обврски да ги поделите со идниот сопруг. Од време на време не е лоша идеја да избегате од домашните обврски, бидејќи на тој начин ќе добиете поголемо почитување.