Скоро од почетокот на пандемијата коронавирус се зборува за сличностите и разликите меѓу симптмите кои тој вирус ги предизвикува и кои ги предизвикуваат алергиите. Тоа беше тема на многу светски експерти.
Пролетта е годишно време кога се јавуваат алергии кои ги следат следните симптоми: кивање, затнат нос и чешање на очите. Ваквите симптоми често се поврзуваат и со коронавирусот.
Ковид-19 најчесто го најавуваат: треската или сувата кашлица, а потоа заморот, мачнините, болките во телото, кашлицата, недостигот на воздух и гастроентерални пречки.
Тоа го поддржува и СЗО која навела дека затнат нос има само кај 4,8 отсто случаи од 56 илјади кинески пациенти со коронавирус. Во извештајот на СЗО пишува дека далеку почести се симптомите како покачена телесна температура, сува кашлица, замор.
Одредени сличности меѓу коронавирусот и алергиите мора да се тестираат, но како што наведува „Бизнис инсајдер“ едно лице може да боледува од двете здравствени проблеми. Во Америка засега се тестирани 2,8 милиони лица, според податоците на „Ковид Тракинг Проџект“.
За тоа како алергијата да ја разликуваме од коронавирусот зборувале и српските доктори.
„Кога ќе влезеш дома, нема цветање и симптомите се смируваат. Второ, кај алергиите нема зголемена телесна температура или температурата е ниска, па може да биде 37 степени“„, рекол проф. д-р Бранислав Несторовиќ, пулмолог кој во претходни гостувања на телевизија наведуваше и други разлики: „Алергијата, за среќа, нема така сериозни симптоми, како гушење кое се јавува кај коронавирусот“.
Поклопувањето на одредени симптоми потврдил и докторот Предраг Кон.
„Алергијата лесно се одвојува од коронавирусот – зголемената температура, односно немање зголемена телесна температура“, рекол докторот.
Со ова се сложила и професорката и вирусолог Тања Јовановиќ.