Појдовната точка за излегување на крај со алергиите се синусите. Тие ни служат како филтри што го прочистуваат воздухот не дозволувајќи до белите дробови да се провлече нешто што би им наштетило. Но, како и секој друг филтер и овој мора да се чисти, инаку во спротивно доаѓа до наталожување на нечистотиите и како последица се јавуваат алергии.
Методата на испирање на носот со солена вода загарантирано ќе ви ја олесни, а и мошне веројатно на подолги патеки и во целост ќе ја реши алергијата на дишните патишта. Лековите, капките, септелетите, само ги ублажуваат симптомите и всушност дополнително го загадуваат телото. Оваа во целост едноставна метода всушност го прави она што е единственото можно трајно решение, а тоа е прочистување на синусите.
Потребно ви е:
- Провриена вода со температура на телото;
- Малку сол;
- Сад за испирање на носот – лота (или шише за вода со спортски завршеток што полесно влегува во нострилките);
Секое утро пред јадење, загреаната вода ставете ја во сад и додадете 1 лажичка сол на половина литар вода.
Најдобро е да го пробате растворот, а би требало да биде солен како солзи.
Благо наведнете се над кадата или над умивалникот, навалете ја главата на десно и ставете го садот во левата нострилка. Дишејчи на уста доволете половина од водата да помине низ левата нострилка и да излезе низ десната.
Истото повторете го и на другата страна со другата половина од водата.
Кога ќе завршите нежно издувајте го носот, па затнете ја десната нострилка и нагласено издишете 10 пати низ левата нострилка, па истото повторете го и со другата нострилка. Сето ова повторете го со двете нострилки истовремено. Повторувајте онолку пати колку што е потребно се додека не почувствувате дека нострилките се сосема суви.
Напомена:
Ова би требало да биде дел од секојдневната хигиена и потребно е да се направи повеќе пати додека не дојде до посериозни промени. Нечистотиите долго време се таложеле, па потребно е време и за да се измијат.
Може да се случи на почетокот да имате впечаток дека проблемот е поголем отколку што бил, но ова е нормален процес на прочистување.
Ако водата неможе да помине, почекајте малку повеќе време за водата да се провлече низ каналите, па ако тоа не помогне променете го аголот на навалување на главата или издувајте го носот.
Ако надвор е студено и планирате да излезете веднаш по чистењето на синусите, задолжително ставете капа.