
За електронско аплицирање за извод за родени и венчани, потребно е најпрво да се регистрирате или доколку сте регистрирани да се најавите со корисничко име и лозинка.
Кој може да поднесе барање?
За да нарачате извод преку порталот на електронскиот матичен регистар треба да знаете дека само лично може да поднесете барање за изводот, не може да нарачате извод за друго лице. Исто така извод може да нарачаат нотари извршители и адвокати со прикачување на полномошно од лицето за кое се однесува изводот, и потврда од судско решение за оправдување на барањето на извод.
Кои се чекорите за електронскo поднесување на барањe за издавање на изводи и електронско плаќање?
- Поднесување на соодветно барање за издавање на извод
- Одбирање тип на извод
- Одбирање начин на подигање на изводот
- Електронско плаќање на надомест и административна такса за поднесеното барање
- Барањето се обработува и лицето на маил и на самиот портал добива нотификација кога и каде да го подигне изводот
Кои типови на барања може да се поднесе?
Барање за издавање:
- Извод од матична книга на родените
- Домашен
- Двојазичен
- Интернационален
- Извод од матична книга на венчаните
- Домашен
- Двојазичен
- Интернационален
- Извод од матична книга на умрените (во изработка)
- Домашен
- Двојазичен
- Интернационален
- Уверение за слободна брачна состојба (во изработка)
Кои се начини на подигање на изводот?
Постојат 3 начини на подигање на изводот:
- Во просториите на УВМК, на шалтер
- Преку пошта
- Електронски извод
ЦЕНОВНИК
Извор Правдико