Како Филипини се справува со шверцуваните луксузни возила

На интернет деновиве кружат фотографии на кои се гледаат багери како уништуваат десетици уредно паркирани луксузни автомобили „ламборџини“, „ауди, БМВ“ и моторцикли…

Ова се случува на Филипини каде не е првпат организаторот на „спактаклот“, претседателот Родриго Дуарте лично да присуствува на уништување на стока незаконски транспортирана и запленета од царината.
Автомобилите и мотоциклите прегазени од багерот се само еден дел од околу 800 возила запленети од пристанишната власт во Кагајан.

На овој начин Дуарте испраќа порака дека Филипините се безбедни за вложување и дека милост кон криминал и оти корупцијата не се исплаќа.