Како глобалното затоплување влијае на ширењето заразни болести?

Последиците од климатските промени, како што се поплавите, топлотните бранови и сушите, ја влошија ситуацијата кога станува збор за ширење на повеќе од половина од познатите заразни болести кои ги напаѓаат луѓето, како маларија, хантавирус, колера и антракс, покажуваат научни истражувања.

Истражувачите ги прегледале медицинските досиеја на утврдени случаи на болести и откриле дека климатските промени ја влошиле состојбата на 218 од 375 познати човечки заразни болести, или 58 отсто, пишува списанието Nature Climate Change.

Студијата мапирала 1.006 начини на кои климатските промени ги разболуваат луѓето. Во некои случаи тоа се случува преку поплави и зголемување на бројот на комарци кои носат преносители на болести. Тука се и океаните кои стануваат сѐ потопли, топлотни бранови, суши (кои влијаат на бројот на лилјаци кои пренесуваат вируси на луѓето). ..

Лекарите, почнувајќи од Хипократ, ги поврзуваат инфекциите со временските услови, но оваа студија покажува колку е големо влијанието на климата врз здравјето на луѓето.

– Ако климата се промени, ризикот од овие инфекции се менува – вели коавторот на студијата Џонатан Пак, директор на Глобалниот здравствен институт на Универзитетот во Висконсин-Медисон.

Лекарите како Пак велат дека порастот на инфекциите треба да се гледа како симптом на болеста на Земјата.

– Она што беше утврдено со оваа студија е страшно, и ги илустрира огромните последици од климатските промени врз човечките патогени. Ние, кои работиме на полето на заразните болести и микробиологијата, мораме да ги направиме климатските промени еден од нашите приоритети и мора сите заедно да работиме за да го спречиме она што ќе биде катастрофа како резултат на климатските промени – изјави Карлос дел Рио, специјалист за заразни болести. од Универзитетот Емори.

Покрај истражувањето на заразните болести, истражувачите ги разгледале и сите други видови на болести кај луѓето, како што се астмата и алергиите, а ги разгледувале, на пример, каснувањата од животни, за да воспостават врска со климатските промени. Од вкупно 286 болести, дури 223 се влошиле поради климатските промени.

Водачот на истражувањето, Камило Мора, нагласи дека е многу важно да се разбере дека ова не е предвидување, туку изјава за она што веќе се случило.

Пред околу 5 години, куќата на Мора во рурална Колумбија се поплави – за првпат по колку што можеше да се сети, водата беше во спалната соба, што е идеално место за размножување на комарци – и Мора се зарази со Чикунгуња, опасен вирус што го пренесува комарец. И покрај тоа што преживеал, со години чувствува болки во зглобовите.