Првата дама на САД Меланија Трамп избра да живее мирен живот. Поголемиот дел од времето го минува грижејќи се за синот Барон (12).
Откако семејството Трамп се пресели во Белата куќа, Меланија има повеќе обврски – од декоррација на резиденцијата до планирање на официјалните настанни. „Бизнис инсајдер“ се обиде да претстави како изгледа еден обичен ден на Меланија.
Се буди после сопругот, околу 5.30 часот. Двојката спие во одделни соби. Меланија го подготвува Барон за во училиште, подготвува појадок и ручек. Го придружува до училиште и го чека по завршување на часовите.
Наутро времето го посветува на вежбање – пилатес, шета и игра тенис. Се храни здраво. Дневно јаде седум овошки, а денот го почнува со смути.
Понекогаш огранизира настани или оди на собиранки со својот сопруг. Обиколува училишта и болници каде што организира настани за собирање средства. Кога не се појавува во јавноста, слободното време го поминува со родителите и синот.
По напорниот ден се опушта со купка, а викендите ги поминува на приватниот имот на Флорида. Понекогаш патува одделно од својот сопруг.