Kaко и кога Јанева го смени мислењето?

Пртиите се договорија - Советот на јавни обвинители да го избере целиот тим на Јанева

Во првата изјава непосредно откако Советот за јавни обвинители и’ одобри седум од четиринаесет предложени обвинители за тимот на СЈО, Катица Јанева изјави дека непоколебливо ќе работи и со половина тим, а дека секојдневно ќе бара од Советот да и’ ги одобри и преостанатите членови на обвинителството.

Во оваа изјава Јанева вели и дека ќе започне со работа веднаш откако обвинителите ќе дадат заклетва на седницата која ќе ја закаже Советот, повикувајќи ги обвинителите да го сторат истото.

Во меѓувреме, СДСМ откако дозна за одлуката на Советот на обвинители објави дека се повлекува од разговорите за спроведување на договореното во Пржино како и дека понатамошните ставови на партијата ќе бидат соопштени после консултациите на кои се повлекува СДСМ.

На два дена пред избраните од Советот обвинители да ја дадат свечената заклетва на што Јанева претходно ги повика, специјалната обвинителка се јави со нова, драстично променета писмена изјава во која им советува на обвинителите да не ја положат заклетвата.

Со ова иако Јанева изјави дека нема никако да го попречува функционирањето на СЈО, дека ако треба ќе работи со половина тим и дека обвинителите треба да положат заклетва, де факто го попречува работењето на обвинителството одбивајќи да работи со половина избран тим на кој му советуваше да не даде заклетва.

Од каде доаѓаат ваквите комплетно променети ставови на Јанева?

Проценете сами: