Како изгледа кога ќе го сретнете оној вистинскиот

Ја чувствувате неговата болка и тој ја чувствува вашата.

Ги знаете сите недостатоци еден на друг, но и придобивките што тие недостатоци ги носат

Да, така е. Нашите маани може да имаат и нешто добро. Секоја карактеристика има своја позитивна и негативна страна, а вие знаете како во недостатокот на вашиот партнер да ја препознаете и онаа „поубава“ страна на тој недостаток.

Имате исти цели во животот

Немате искуство на љубомора

Убавите колешки или пријателки не ви пречат. Знаете дека сте единствени во неговиот живот.

Меѓусебнио ги почитувате вашите мислења и ставови, дури и кога се поинакви.

Немате потреба постојано да бидете заедно

Го почитувате вашето време и не сте патолошки врзани еден за друг. Знаете колку е важно секој од вас да има простор само за себе и за сопствениот личен развој.

Не викате, не се навредувате и не се заканувате со развод

Се предавате во целост затоа што сакате вашиот партнер да биде среќен.

Знаете како и кога да се извините

Вие меѓусебно се надополнувате. Ниту една личност не е совршена, а сродните души се такви што ги надополнуваат празнините една со друга. Вие сте како јин и јанг. Заедно сте совршени и создавате хармонија.

Кога сте во прегратките на вашата сродна душа, целата болка, нервоза и стрес исчезнуваат.