
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган вчера свечено ја отвори џамијата во Келн, најголема во Западна Европа, со силно присуство на полицијата која ги одвојуваше неговите поддржувачи и противници.
Џамијата е изградена од страна на Турската исламска заедница во изминатите осум години и има капацитет од 1.200 луѓе.
Џамијата има вкупно девет влезови, а месечината и ѕвездата се наоѓаат во средината на куполата. Внатрешноста е доминантно украсена со мотиви од периодот на Селџуците.
Се наоѓа во комплекс со вкупна површина од 17.000 квадратни метри, во кој има и трговски центар, конференциска сала со капацитет од 600 лица, галерија за семинари и изложби, библиотеки, деловни простории и паркинг.
Меѓу 4,7 милиони муслимани во Германија, повеќе од три милиони се со турско потекло. Повеќето од нив се добро интегрирани потомци на турските семејства кои мигрирале во текот на 60-тите години на минатиот век.