Како млад научник спаси загадено езеро во Перу? (ВИДЕО)

Што се случува кога природниот рај што го помниме од детството е на работ на целосен и катастрофален колапс? Кога земјата е задушена од ѓубре и езерото е исполнето со отров? Дали се враќаме на местото каде што некогаш сме биле среќни да го спасиме?

Ова е токму она што го направи перуанско-јапонскиот научник Марино Морикава. Во 2010 година, неговиот татко му кажал дека мочуриштата на Каскајо биле многу контаминирани. Иако научникот за животната средина работел во лабораториите на Универзитетот Цукуба во Јапонија во тоа време, тој одлучил да прелета 15.000 километри назад во Перу за да го види со свои очи тоа што му кажал татко му за Ел Каскајо.

Мочуриштата Каскајо се 80 км од Лима. Марино како дете таму одел на риболов со својот татко.

Но, кога Марино се вратил, областа изгледала како оксидирано езерце. Поминале 20 години од неговата последна посета. Огромните 150 хектари мочуришта се намалиле на само 40 хектари.

Детектирал две причини, нелегални депонии и одгледувалишта на свињи, говеда и овци кои ја контаминирале водата. А, претходниот градоначалник, пак, изградил нов дренажен канал кој се граничи со мочуриштата и се упатува кон морето. Поголемиот дел од отпадот што се канализирал низ овој канал протекувалво мочуриштата.
Водни растенија, инвазивни видови, бил уште еден голем загадувачки фактор што го гушеле мочуриштето. Зелените растенија целосно ја покривале површината на водата, спречувајќи ја светлината и кислородот да стигнат до длабочините на мочуриштата. Тоа придонесувало за распаѓањето и смрдеата.

Марино се вратил во Јапонија за да развие соодветна технологија во добро опремени лаборатории на Универзитетот Цукуба. Бидејќи се фокусирал на нанотехнологијата и хемијата за време на студиите, тој одлучил да примени две нанотехнолошки методи во Ел Каскајо: микро-нано систем и биофилтер.

Системот на микро-нано меурчиња се состои од воведување на микро-балони во длабочините на загадените води кои привлекуваат бактерии и загадени микроорганизми. „Размислете за меурчиња од сода”, објаснува Марино. „Сите можат да ги видат меурчињата што излегуваат на површината. Сега замислете меур десет илјади пати помал и незабележлив за човечкото око. Бидејќи е толку мал, тоа е многу побавно и трае од 5 до 8 часа за да стигне до површината. На микро-нано балон има електромагнетно поле на позитивни и негативни јони, кој работат како магнет. На патот кон површината на водата, тој привлекува вируси и бактерии, а со тоа ги фаќа како во мрежата на пајакот”.

Откако ќе се привлечат од магнетот, вирусите и бактериите повеќе не можат да се движат и умраат. Но, ако меурчиња се’ уште стигнат до површината, тие се претвораат во гас и исчезнуваат поради зрачењето и ултравиолетовите зраци.

Вториот метод што се користел Марино се биофилтри. Биофилтер е кога различни видови на микроорганизми се закачуваат и формираат биолошки слој наречен биофилм. Тоа ги привлекува водените бактерии и ги зачувува добрите видови кои придонесуваат кон конзервација на микрофлората и биоремедијацијата.

Биофилтерите најчесто се користат во третманот на вода ширум светот, но, мора да се прилагодат на специфичните услови на локалната вода. За неговото дело во Перу, Марино користел биофилтри за керамика што ги создал сам во локалните керамички курсеви.

Оваа успешна приказна на младиот научник погледнете ја во видеото подолу: