Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, обвинува дека со државни пари се рекламира Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.
„Како може со државни пари да се рекламира приватниот Фејсбук профил на Заев?! Ова го нема НИКАДЕ. Буквално никаде. Деспотија и пашалак. Режим, со сите параметри. Плус, веќе се распишани локалните избори. Не смее да има владино рекламирање. Фактчекери? НВО? ГраЏанство?“, напиша Ѓорчев на Фејсбук.